Поврзи се со нас

Фудбал

РАДУВАЈ СЕ, МАКЕДОНИЈО! Одиме на Европско првенство

goran pandev

Репрезентацијата на Македонија свавеше историска победа на гостувањето кај Грузија, со победа од 1:0 одиме на Европско првенство.

ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

По 45 минути игра резулатот остана непроменет, девет репрезентации пеавеа притисок сепак, никој не успеа да стигне до посакуваниот гол.

Македонија имаше одлично реализиран напар во 23. минута но Стефан Рисотвск не успеа да игра на прва, па топката заврши во гол аут.

Првиот опасен удар на натпреварот го упарија Грузијците во 28. минута, кога Окриашвили шутираше прецизно, но не го совлада Димитриевски, истот така само 2. минути подоцна, повторно Окриашвили шутираше но не беше прецизен.

Македонија првата сериозна шанса ја имаше во 35. минута кога по долгара акција, Пандев шутираше со глава, но добивме само корнер, кој не успеавме да го претвориме во гол, но по само 2. минути игра Македонија го доби вториот корнер, од кој Грузија креира одличен контра напад но сепак топката заврши во рацете на Димитриевски.

Велковски во 40. минута го фаулираше Окриашвили, па Гвилија го изведуваше слободниот удар, но сепак топката ве заврши во мрежата.

Грузија продолжи со притисок на нашата половина па во 42. минута, домаќинити добија корна, Гвилија изведуваше но топката брзо беше избиена.

На само 1. минута пред крајот, нашата репрезентација креира одлична контра, но не успаа да постигна гол, а веднаш по нападот Грузија го искористи отсуството ан фудбалери во одбраната на Македонија успеа да стигне со голот на Димитриевски но не успеа да постигне гол.

ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ

По слабата игра во првото полувреме, нашата репрезентација успеа да се подобри во играта во второто полувреме.

Си играше на двете страни подеднакво, крираја напади и Грузијците и Македонците. Домаќините успаа први да крираат напад, но сепак не успаа да постигнат гол.

По одличниот напад и асистенцијата на Илија Несторовски, Пандев во 56. минута успеа да ја израдува цела Македонија. Оваа акција долго ќе ре прераскажува. Нашиот капитен, Пандев имаше одлична завршница. Елмас, Несторовски и Пандев, италијанското трио кое беше во акција и реализација.

Во продолжение, Грузијците пробуваа со сите сили да постигнат израмнуваќки гол, но Димитриевски остана не поразен.

На само неколку секунди пред крајот на натпреварот, домаќинити имаа две опасни шанси, но Димитриевски во првата шанса реагираше одлично и ја спаси Македонија.

Се чекаше само свирежот на судиата за крај на натпреварот и победа на Македонија.

РАДУВАЈ СЕ, МАКЕДОНИЈО!

loading...

Facebook