SportM
Фудбал

Рафаел Варан од следната сезона во Манчестер Јунајтед?

Д М15 апр 2021
Рафаел Варан од следната сезона во Манчестер Јунајтед?

Францускиот дефанзивец Рафаел Варан би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона.

Имено, претходните денови имаше шпекулации дека кралскиот клуб е отворен за продажба на Варан, и дека ќе го ослободат доколку дојде задоволителна понуда.

Англискиот Дејли Меил објави дека францускиот репрезентативец е мета на Манчестер Јунајтед, кој веќе неколкупати покажа интерес за Варан, но немаше сериозни понуди.

Сепак, „црвените ѓаволи“ се подготвени конечно да се обидат да го донесат Варан ова лето, но ќе се обидат да ја намалат цената што ја одреди Реал Мадрид.

Кралскиот клуб е подготвен да го ослободи овој играч за сума од 65 милиони евра, но во Јунајтед тие се подготвени да понудат околу 50 милиони евра. Дали ќе успеат да го убедат Флорентино Перез да ја намали цената за него останува да видиме.

Варан пристигна во Реал Мадрид пред десет години од Ленс за десет милиони евра и тоа се покажа како одличен потег на скаутите на овој клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.