Раиола даде големо навестување за Ерлинг Халанд: „Сè уште е рано, но …“

Ерлинг Халанд ќе биде најголемата ѕвезда во летниот преоден рок во 2022 година.
Неверојатниот норвешки напаѓач е желба на многу европски великани, а неговиот агент Мино Раиола денеска даде големо навестување каде Халанд би можел да ја продолжи кариерата.
„Халанд ја обожава Шпанија“, рече Раиола и продолжи:
„Сепак, рано е да се каже каде ќе игра следната сезона. Рано е да се зборува за тој трансфер рок“, истакна Раиола.
Трансферот на Халанд во Борусија Дортмунд ќе донесе 75 милиони евра, но клубот што ќе го доведе ќе има и низа други трошоци.
Платата на 21-годишниот фудбалер ќе биде огромна, Раиола и таткото Алф Инге Халанд го сакаат својот дел од колачот, па вкупниот трансфер би можел да чини меѓу 250 и 300 милиони евра.
Халанд се поврзува со шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, а Раиола денеска е „фатен“ во шпанската престолнина.1
И минатата зима дојде на преговори во Шпанија, но Халанд и оваа сезона остана член на Борусија Дортмунд.
Одличниот норвешки напаѓач пружа феноменални партии во дресот на тимот од Дортмунд, а за овој тим на 69 натпревари постигна 70 гола.



