SportM
Фудбал

Ракитиќ: Искрено, жал ми е за Модриќ

Д М29 окт 2018
Ракитиќ: Искрено, жал ми е за Модриќ

Фудбалерот на Барселона Иван Ракитиќ по големата победа во „Ел Класико“ над Реал, кажа дека неговиот тим заслужено дојде до секој од трите бода.

На Ноу Кампот, Барса благодарение на Суерес ги „разби” Реал со дури 5:1, чиј недостаток на Меси не се ни осети, според зборовите на Ракитиќ, но и според резултатот.

„Игравме одлично, дури и во моментите кога Реал ни создаваше проблеми во второто полувреме. Останавме смирени, бевме супериорни и заслужено победивме. Сакаме Меси што побрзо да закрепне, но нека мирува уште малку затоа што нештата се одвиваат совршено сега за сега.” Кажа Ракитиќ, а воедно и призна:

„Искрено жал ми е за Лука Модриќ по овој пораз, но на личен план. Сепак, повеќе сакам да зборувам за својата екипа. Не можеме сега да зборуваме како им е на нив, а можам да кажам дека во Барселона сме пресреќни.”

По победата во „Ел Класико“, Барселона е првопласиран тим на табелата со 21 бод, додека Реал е деветти со 14 бода.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.