Ракитиќ: Меси и Гризман се во лоша врска? Не, тоа не е точно
Д М12 ное 2020

Во последно време, шпанските медиуми сè повеќе пишуваат за лошите односи меѓу Лео Меси и Антоан Гризман.
За ова прашање денеска зборуваше и поранешниот играч за врска на Барселона, хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.
Во изјава за шпанските медиуми, Ракитиќ истакна дека Меси и Гризман имаат одлични односи, и дека приказните што се шират не се точни.
“Според она што го видов, тие добро се сложуваат. Имав одлична врска и со Лео и со Антоан”, рече Ракитиќ и додаде:
“Честопати ги гледав заедно во соблекувалната. Ако и двајцата почнат да постигнуваат гол, тогаш сите овие шпекулации ќе престанат. Тие се прекрасни луѓе. Антоан е одлично момче, не треба да има никаков проблем”, додаде Ракитиќ.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



