Connect with us

Ракомет

Ракометарките на Куманово шампионки во кадетска конкуренција

Ракометарките на Куманово го освоија трофејот во кадетска конкуренција по победата над Вардар Јуниор од 28:19 во финалетона Ф4 турнирот одржан викендот во Куманово.

По завршувањето на финалето, доделени беа и индивидуалните признанија за најдобар играч и најдобар стрелец и најдобар голман, а избран беше и ALL STAR тимот на турнирот.

Признанието за најдобар стрелец го доби Ивана Затуроска од ЖРК Стружанка со постигнати 21 гол, за најдобар голман беше прогласена Андреа Илиќ од ЖРК Вардар, додека престижното признание за МВП на турнирот го доби Мила Трајковиќ од ЖРК Куманово.

Ол стар тим:
Голман: Андреа Илиќ (ЖРК Вардар Јуниор)
Лево Крило: Теодора Домазетоска (ЖРК Стружанка)
Лев Бек: Милица Николиќ (ЖРК Вардар)
Среден Бек: Ивана Затуроска (ЖРК Стружанка)
Десен Бек: Тамара Ивановска (ЖРК Куманово)
Десно Крило: Јована Кипријановска (ЖРК Куманово)
Пивот: Сара Цветановска (ЖРК Куманово).