SportM
Фудбал

Раководството на Баерн му рече „не“ на Нагелсман

Д М19 мај 2021
Раководството на Баерн му рече „не“ на Нагелсман

Jулијан Нагелсман од 1 јули ќе стане нов тренер на Баерн Минхен.

33-годишниот стручњак на клупата ќе го замени Ханси Флик, кој си заминува по година и пол и кој најверојатно ќе ја преземе германската репрезентација.

Нагелсман веќе разговараше со управата на баварскиот гигант за потенцијални засилувања за следната сезона, но според Билд, разговорите не поминале добро.

Челниците на клубот од Минхен не можеа да го пречекаат со имињата што ги посакуваше, па младиот стручњак се најде во неволја.

“Имињата што Jулијан Нагелсман му ги предложи на клубот, во моментот се нереални. Клубот мора да заштеди пари и да смета на способноста на Нагелсман да развива млади играчи”, пишува Билд.

„Клубот и Нагелсман се согласија дека е потребен нов десен бек и централен играч за врска, но неговото доведување зависи од иднината на Толисо и Куисанс“, се вели во него.

Имињата на играчите кои Нагелсман ги праша раководството на германскиот шампион не се познати, но тој сигурно не се надеваше дека само ќе му кажат „не“.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.