SportM
Фудбал

Рамадан Шерифи го посвети голот на Даниел Николовски кој трагично загина во сообраќајна несреќа (ВИДЕО)

Редакција14 сеп 2026
Рамадан Шерифи го посвети голот на Даниел Николовски кој трагично загина во сообраќајна несреќа (ВИДЕО)

Рамадан Шерифи, кој го постигна првиот гол за ФК Дрита Боговиње на дуелот со Јехона (7:1) го посвети на фудбалерот Даниел Николовски (21) кој го загуби животот во сообраќајна несреќа, која се случи пред два дена. Даниел летово се приклучи на екипата на Дрита Боговиње.

Тетовскиот талент го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец од клучката за Маврово кон Гостивар. Претходно играше за Тетекс, Релинген Фремерсдорф и хрватскиот тим Хрватски Витез од Задар.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.