SportM
Фудбал

Рамос го изедначи големиот рекорд на Буфон, и веднаш нападна нов

Д М12 ное 2020
Рамос го изедначи големиот рекорд на Буфон, и веднаш нападна нов

Рамос синоќа го изедначи рекордот на Џиџи Буфон на мечот на неговата репрезентација против Холандија.

Имено, репрезентативецот на Шпанија го забележа својот 176-ти настап за националниот тим, и со тоа го достигна европскиот рекорд по бројот на настапи за националниот тим.

На Рамос му остануваат уште осум натпревари од светскиот рекорд што го држеше поранешниот египетски играч за врска Ахмед Хасан.

Јасно е дека тој ќе ја достигне таа бројка, но тој не е единствениот кој го напаѓа тој рекорд, бидејќи тука се и Ахмед Мубарак кој одигра 179 натпревари за Оман и Бадер Ал-Мутава, кој одигра 178 натпревари за Кувајт.

Останува да видиме кој ќе го сруши рекордот на крајот, но и кој ќе го задржи.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.