Connect with us

Фудбал

Рамос: По навистина тешка ноќ, гледам две опции …

Објавено:

Синоќа Реал Мадрид на домашен терен претрпе пораз од Манчестер Сити, во првиот натпревар од 1/8 финале во Лигата на шампионите.

Граѓаните славеа со резултат 1:2, по пресврт и да се влошат работите за Реал – капитенот Серхио Рамос заработи црвен картон.

Тоа беше 26-ти црвен картон во кариерата на Рамос и поради тоа ќе го пропушти реваншот со Манчестер Сити.

По поразот и лошата ноќ за Реал, Рамос се појави на социјалните мрежи.

„По навистина тешката ноќ, гледам две опции: Можеме да размислиме за вчера или да работиме на утрешната победа. Јас ја избирам втората. Мислите и срцата се веќе вклучени на Ел Класико”, кратко изјави капитенот на Реал Мадрид.

Инаку, сега пред Реал е Ел Класико, дуел со најголемиот ривал, Барселона. Ел Класико на Бернабеу ќе се игра во недела од 21 часот.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com