Рамос повторно е надвор од тимот
Д М3 дек 2021

Стоперот на ПСЖ, Серхио Рамос ќе го пропушти натпреварот против Ленс в сабота во рамките на 17.коло од Лига 1.
Поради проблеми со повреди, искусниот Шпанец само на 28 ноември дебитираше за „светците“, но потоа беше надвор од тимот во дуелот со Ница минатиот викенд.
Тренерот Маурисио Покетино отсуството го објасни со тоа што Рамос е уморен, а сега од клубот најавија дека товарот мора да се прилагоди на замор на мускулите поради продолжението на натпреварувањето.
Од тие причини, 35-годишникот го пропушта гостувањето на северот на Франција, а кога ќе се врати на теренот останува нејасно.
„Светците“ во мечот влегуваат од првата позиција со 41 бод, 12 повеќе од второпласираниот Марсеј.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



