SportM
Фудбал

„Рамос прави грешки што другите ги покриваат, но вие не ги гледате“

Д М22 дек 2019
„Рамос прави грешки што другите ги покриваат, но вие не ги гледате“

Ѕвездата на Атлетик Билбао смета дека Рафаел Варане е подобар дефанзивец од Серхио Рамос, велејќи дека капитенот на Реал Мадрид прави многу грешки.

Јереј признава дека Рамос е еден од најдобрите дефанзивци во светот во моментот, но инсистира дека има исто толку недостаток како и секој друг фудбалер.

Говорејќи во интервју за „АС“ во пресрет на последниот натпревар помеѓу Билбао и Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, Јереј рече: „Рамос е еден од најдобрите во светот, но има и недостатоци, како и сите други“.

„Тој прави многу грешки, но неговите соиграчи ги покриваат и вие не го гледате тоа“, додаде тој.

На прашањето за избор на играч на Реал, Рамос не беше неговиот фаворит.

„Тој е многу добар, но јас го избирам Варани пред него“, рече тој.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.