Рамос оваа сезона забележа само 10 настапи за ПСЖ и успеа да постигне два гола. Сепак, Шпанецот не размислува за заминување од ПСЖ.
Како што и самиот призна, Рамос сака да игра во фудбалската елита уште најмалку четири сезони, а потоа да се впушти во нова авантура.
„Би сакал да играм уште четири или пет години на највисоко ниво, а потоа да имам уште едно искуство. Потпишав на две години во Париз, но ќе се обидам да бидам три, хаха. Се додека силен и можам да го одржам мојот ум стабилен, сакам да играм на највисоко ниво“, изјави неодамна Серхио Рамос за Prime Video.
Жером Ротен остро го критикуваше Серхио Рамос бидејќи дефанзивецот вели дека сака да остане во ПСЖ, иако не покажа многу оваа сезона.
Поранешниот Парижанец вели дека е нормално Рамос да сака да остане бидејќи зема огромна плата, макар и малку и доста скромно да игра.
„Пред натпреварот Серхио Рамос ни кажа дека сака да остане во ПСЖ. Не ме чуди што сака да остане, заработува повеќе од милион евра месечно“, изјави Ротен.
„Добро, тој освои се што можеше да се освои, но ако сакате да останете во ПСЖ, молчете и завршете ја својата работа на теренот“.