Рамос сака да ја заврши сезоната со титула
Д М29 апр 2020

Одличниот дефанзивен играч и капитен на Реал Мадрид, сака сезоната да ја завриши со трофеј.
„Не можете да го ризикувате здравјето на луѓето. Со нетрпение ја очекувам можноста да започнам да играм повторно, да се натпреварувам, да влегувам на теренот во натпреварите од Лигата на шампионите и Ла Лига. Јас едвај чекам да ја завршам сезоната со трофеј, но прво треба да почекаме за соодветните одлуки од одговорните луѓе“, изјави Рамос.
Реал Мадрид е втор во Ла Лига по 27 кола, со два бода заостанување зад Барселона.
Во Лигата на шампионите, мадридскиот тим загуби од Манчестер сити на својот терен во првиот натпревар од 1/8 финалето (1:2). Рамос доби црвен картон на овој меч и ќе го пропушти реваншот.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



