Рангник: Разочарани сме, подобро изгледаше со тројца позади
Д М4 јан 2022

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, истакнува дека тимот не одиграл добро и заслужено загубил од Волвс на Олд Трафорд.
– Не одигравме добро, ниту индивидуално, ниту колективно. Се мачевме да излеземе од шеснаесетникот. Во второто полувреме кога ја променивме формацијата во онаа со тројца позади, добивме поголема контрола, дури и ја погодивме пречката. Но, голот што го примивме е толку карактеристичен за нас оваа сезона. Мутињо не беше првиот непречен надвор од шеснаесетникот и овојпат постигна гол. Разочарани сме, но тие ја заслужија победата – изјави Рангник .
Ова е четврти пораз за Манчестер Јунајтед во 10 натпревари во Премиер лигата на „Олд Трафорд“.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



