Connect with us

Фудбал

Рангник штотуку пристигна, и веќе предложи идеи за ремоделирање на англискиот фудбал

Германскиот стручњак Ралф Рангник пристигна во Англија пред само четири недели и веќе ги изнесе своите идеи за преуредување на англискиот фудбал.

Тренерот на Јунајтед смета дека клубовите од Премиер лигата треба да се откажат од играњето во Карабао купот (Лига купот), бидејќи смета дека календарот е преполн и дека има ненормално голем број на натпревари.

Германскиот стручњак е против правилата за повторување на натпреварите во ФА Купот откако дуелите ќе завршат нерешено.

„Англија е единствената голема лига која игра две куп натпреварувања. Во Франција тие откажаа едно натпреварување“, рече Рангник и додаде: „Другата работа е ФА Купот и повратните дуели. Тоа се промени и тоа е добра работа. Во други земји никогаш немате повратни дуели, тоа се теми за кои би можеле да разговараме“.

Тој исто така истакна дека треба да важи правилото за пет замени во текот на играта, но Англичаните се вратија на три замени, додека повеќето лиги во Европа останаа на пет замени.

Се чини дека се што ќе каже Рангник навистина има смисла, но прашање е дали ќе му се остварат некоја од желбите. За повратните дуели на натпреварите од ФА Купот веќе е одлучено дека нема и дека ќе се изведуваат пенали по нерешен резултат, но други промени тешко се очекуваат.

Што се однесува до Рангник и неговиот ангажман на „Олд Трафорд“, тој ќе биде менаџер барем до крајот на сезоната, а потоа се очекува да се пресели во канцеларија, да работи во спортски менаџмент и да се прашува за трансфери. Во првите неколку натпревари под негово водство Јунајтед оствари победи и најави подобри денови.

Реклама

Facebook

Реклама