Раниери по дебаклот: Живи ќе ги изедам играчите

Фудбалските навивачи на Сампдорија не минаа убаво во посета на Рим.
Како дел од 20-то коло на италијанскиот шампионат, Сампдорија беше поразена на „Олимпико“ од Лацио со убедливи 5:1, а тој триумф за Лацо, од друга страна, беше дури 11-ти по ред.
Оо она што го покажа Сампдорија, очекувано, не беше задоволен ни тренерот Клаудио Раниери, кој даде доста интересна изјава.
„Ќе ставам малку масло на играчите, ќе додадам сол и бибер и ќе ги изедам живи“, изјави Раниери за „Sky Sport Italia“ и продолжи:
„Ние во никој случај не бевме на ниво. Не само што не ја освоивме првата или втората топка, не можевме да стигнеме ниту до третата. Не игравме како тим воопшто. Можеби ова е најлошата игра во Сампдорија од кога сум тренер. Му честитам на Лацио за победата“, додаде искусниот експерт.
По овој пораз, Сампдорија е на 16. место во Серија А со 19 поени.



