Connect with us

Фудбал

Раниери: Роналдо е проблем? Не не не…

Во 12. коло од Премиер лигата во сабота, меѓу другото силите ќе ги одмерат Ватфорд и Манчестер Јунајтед.

Во пресрет на овој дуел, на пресот на Островот се обрати менаџерот на Ватфорд, Клаудио Раниери, кој се осврна и на еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо.

Португалецот оваа сезона се врати во Театарот на соништата, но и покрај одличната статистика, на Островот се почесто се пишува дека тој е еден од најголемите проблеми на Јунајтед.

Токму за тоа зборуваше Раниери, кој не го дели тоа мислење.

“Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот. За англискиот фудбал, неговото враќање е добар знак. Многу млади играчи го гледаат и сакаат да бидат како него. Тоа е одлична одлука за англискиот фудбал”, изјави Раниери. додавајќи:

„Дали Роналдо е проблем? Не, не… Дај ми го Роналдо, те молам. Нема да ми биде проблем и тој ќе игра постојано“.

Оваа сезона 36-годишниот фудбалер одигра 13 натпревари за Манчестер Јунајтед на кои постигна девет гола и имаше една асистенција.

 

Реклама

Facebook

Реклама