Равена го официјализира: Роналдињо ќе одигра натпревар за да го постигне последниот гол во кариерата

Роналдињо не само што ќе биде регистриран како играч на Равена, туку и ќе одигра натпревар во градот. Игнацио Чипријани, претседателот на тимот од Серија Ц, го објави ова, објаснувајќи дека Бразилецот ќе излезе на терен „со јасна и романтична цел: да се обиде да го постигне последниот гол во својата кариера.“
Неговото вклучување не е само фасаден потег или маркетиншка игра за да се зборува за нас, – увери Чипријани во соопштение. – Роналдињо ќе стане партнер на Равена, тоа е суштината на оваа договорка.“
Според него, ова исто така е „почетна точка за нешто многу повеќе структуирано. Заедно со мене е и фондот ‘Блек Дак’. Со нив носиме модерен пристап, базиран на податоци и вештачка интелигенција за откривање на таленти. Ова, во комбинација со искуството на легенда како Ариедо Брајда и работата на нашиот спортски директор Давиде Мандорлини, ни дава дополнителна предност.“



