Поврзи се со нас

Фудбал

Реал доби конкурент во борбата за Мбапе

Еден од најдобрите светски играчи, Килијан Мбапе, на крајот на сезоната би можел да ги напушти редовите на францускиот шампион ПСЖ.

Мбапе е обврзан со договор со ПСЖ до летото 2022 година, но преговорите за потпишување нов не вродија со плод, па се поизвесно е дека овој одличен фудбалер ќе го напушти францускиот шампион на крајот од сезоната.

До денес се чинеше дека неговиот нов клуб сигурно ќе биде Реал, кој да не беше пандемијата на коронавирусот, ќе се обидуваше да го донесе ова лето, но денес работите изгледаат поинаку.

Според француските медиуми, Ливерпул се приклучои во трката за Мбапе, кој сакаше да го донесе во своите редови во 2017 година, а наводно контактите меѓу францускиот фудбалер и англискиот клуб всушност никогаш не престанале.

Секако, ПСЖ ќе продолжи да се обидува да го убедува Мбапе да потпише нов договор, но како што пишуваат познавачите на можностите во францускиот фудбал, тој веќе решил да замине, единствено прашање е каде. Во Реал Мадрид или Ливерпул?

Advertisement

Facebook

Реклама