SportM
Фудбал

Реал и Барса во борба за големиот талент на Челзи

Д М9 мар 2020
Реал и Барса во борба за големиот талент на Челзи

Се очекува Реал Мадрид и Барселона да водат силна битка за еден од најголемите таленти во Премиер лигата во текот на летото.

Двајцата најголеми шпански гиганти покажаа голем интерес за Били Гилмур, новата sвезда на Челзи, која експлодираше со своите најнови настапи.

18-годишниот фудбалер беше избран за играч на натпреварот во последните две средби на Челзи.

Тој се истакна во победата на Челзи со 2:0 над Ливерпул во ФА Купот во вторникот, а исто така и во победата од 4:0 над Евертон во недела во Премиер лигата.

Неговите настапи, заслужено ги натераа Реал и Барса да предизвикаат интерес за неговите услуги, пренесува „Дејли Стар“.

За Манчестер Сити, исто така, се вели дека го следат напредокот на Гилмур на „Стемфорд Бриџ“, што го прави уште од 2016 година кога ги напушти Ренџерс.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.