Реал и ВАР „најдобри пријатели“: И одличниот Пујол веќе не може да молчи, испрати пораки со предупредување

За ВАР и Реал Мадрид може да се каже дека се најдобри пријатели затоа што Кралевите остварија голем број победи по асистенции на видео технологија, последната пристигна синоќа во Бетис со 2:3.
Карлес Пујол е познат како неприкосновен лидер, кој секогаш го почитувал својот противник и редовно им честитал на подобрите, но едноставно не можеше повеќе да молчи кога виде што се случува во Шпанија.
Имаше сè на стадионот Бенио Виламарин, а Пујол изрази незадоволство од судењето на судијата Рикардо де Бургос Бенгоетке, кој се потпре на помошта на ВАР технологијата за да го исклучи Емерсон, а потоа досуди пенал за Кралевите откако Бартра играше со рака.
Во првата контроверзна ситуација имаше офсајд, но видео-технологијата го исклучи Емерсон. Пујол се огласи на Твитер.

Друга контроверзна ситуација е пеналот за Реал откако ВАР технологијата потврди дека Бартра играл со рака. Сигурен стрелец беше Серхио Рамос за конечни 2:3.
После натпреварот тој испрати порака до сите во Барселона.
“Ќе мора да бидеме навистина добри ако сакаме да победиме. Верувам дека ова ќе биде предизвик и мотивација за тимот”, рече Пујол.



