SportM
Фудбал

Реал има резервна опција доколку Халанд не стигне

Д М1 мар 2022
Реал има резервна опција доколку Халанд не стигне

Шпанскиот Мундо Депортиво пишува дека челниците на Реал Мадрид се заинтересирани да го засилат нападот на својот тим со играчот на Наполи, Виктор Осимен во следниот преоден рок и дека тој е резервна опција во случај „кралскиот клуб“ да не успее да го ангажира Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Наполи одреди цена од 80 милиони евра за овој нигериски напаѓач кој во актуелната сезона на 21 натпревар постигна 10 голови.

МД наведува дека Наполи е упорен во желбата да го задржи корпулентниот напаѓач, но дека е подготвен и за ситуацијата во која Осимен ќе го напушти стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Пред да дојде во Наполи, Осимоен играше за Шарлроа и Лил, а кариерата ја започна во Волфсбург.

И покрај се, се наведува дека апсолутен приоритет на клубот предводен од Флорентино Перез е да го доведе Килијан Мбапе во претстојниот преоден рок.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.