Реал ја започна кампањата, Анчелоти ја поддржа Суперлигата: „Нема да има монопол“

Проектот на познатата фудбалска Суперлига на Европа пропадна во првиот обид за нејзино формирање, извесно време се мируваше, се чинеше дека УЕФА извојува голема победа, но сега приказната на чело со Реал Мадрид повторно започна , иако му се спротивставуваат повеќето најсилни клубови од Стариот континент, исклучувајќи ги Реал и Барселона.
Да потсетиме, судот во четвртокот пресуди дека УЕФА и ФИФА постапиле спротивно на законот за натпреварување, кога пред две години го забранија формирањето на Суперлигата.
Пресудата не значи дека повторно ќе се формира Суперлига, туку само дека тоа ќе биде дозволено во иднина.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денеска јавно ја поддржа Суперлигата.
„Одлуката на судот е важна за фудбалот. Некои клубови не се убедени, но верувам дека тоа може да биде позитивна работа за секого. Времето ќе покаже дали е навистина добро“, рече Анчелот и додаде:
„Факт е дека веќе нема да има монопол и тоа го сметам позитивно. Исто така, календарот ќе се подобри и во тој случај сите се победници. Врз основа на судската одлука, мислам дека фудбалот ќе доживее позитивен пресврт“ , заклучи славниот италијански стратег.
Тој призна дека се уште не е запознаен со деталите и форматот на евентуалното идно натпреварување.



