SportM
Фудбал

Реал Мадрид би можел да остане без Бензема поради нивните трансфери на лето

Д М3 дек 2021
Реал Мадрид би можел да остане без Бензема поради нивните трансфери на лето

Карим Бензема би можел да го напушти Реал Мадрид на лето, тврди Ел Национал.

Имено, познато е дека кралевите сакаат да се засилат во нападот, а главни мети се можеби двете најголеми ѕвезди во моментов, Килијан Мбапе од ПСЖ, кој минатото лето се поврзуваше со доаѓањето во Мадрид и норвешкиот „ѕвер“ Ерлинг Халанд. .

Од заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, Французинот е апсолутен лидер на овој тим и неговото заминување би било голема загуба за клубот, без разлика кој доаѓа на негово место.

Францускиот напаѓач моментално е најдобар стрелец во шпанската Ла Лига со 12 гола, а за тоа додаде и седум асистенции, а најзаслужно е што Реал Мадрид моментално е на првото место со 36 бодови, седум повеќе од Атлетико кој има еден натпревар помалку.

Истиот извор наведува и дека целата ситуација ја следи Ливерпул и дека Енфилд би можел да биде следната станица за Карим Бензема, доколку замине од Реал Мадрид.

Да потсетиме, Бензема во Реал пристигна во 2009 година од Лион, каде ја започна својата кариера. Неговиот договор со моментално водечкиот тим во Шпанија истекува во летото 2023 година.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.