Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид го потврди трансферот на ѕвездата на Ливерпул, ќе биде едно од најевтините засилувања во историјата!

Ливерпул и Реал Мадрид потврдија дека го завршија трансферот на Трент Александар-Арнолд, а тој официјално ќе стане играч на шпанскиот клуб на 1 јуни. Александар-Арнолд имаше договор со Ливерпул до 1 јули, а Реал сакаше да го има во тимот уште во јуни за да има право да игра за нив на Светското клупско првенство, кое започнува на 14 јуни. Затоа, клубовите се согласија популарниот ТАА да се пресели во Реал во трансфер што официјално ќе биде евидентиран во финансиските книги на двата клуба.

Ливерпул потврди дека Реал ќе му плати одредена сума пари, а англиските и шпанските медиуми објавија дека сумата е еден милион евра. На овој начин, Александар-Арнолд стана едно од најевтините засилувања на „Кралевите“ во последните години.

Веднаш по објавата на Ливерпул, соопштение излезе и Реал Мадрид, во кое се наведува дека англискиот репрезентативец потпишал шестгодишен договор со Кралскиот клуб.