Реал Мадрид губи голем талент: Нема веќе трпение, пристигна понуда од северот

Младиот исландски напаѓач Андри Гудјонсен, инаку син на легендарниот Ејдур Гудјонсен, наскоро би се преселил во нов клуб.
Помладиот Гудјонсен е член на Реал Мадрид, но настапува за нивниот втор тим.
Иако има 20 години, се уште нема шанса да заигра за првиот тим и се чини дека донел одлука да си замине од Мадрид.
ИФК Норкчепинг е блиску до ангажирање на Гудјонсен, кој пред три години беше еден од најголемите таленти, но и најдобрите европски фудбалери во кадетската возраст.
Тој веќе има девет настапи за исландската репрезентација и постигна два гола, а претходно 32 пати играше за младинската селекција на Исланд за која постигна 14 гола.
Интересно е што тој како 16-годишен малолетник го напушти Исланд и замина во Еспањол каде остана неполна година, а потоа дојде повикот од Реал, но како што стојат работите, Мадрид ќе загуби голем талент.



