SportM
Фудбал

Реал Мадрид изненади со изборот на напаѓач со трансфер вреден 25 милиони евра!

Редакција31 јул 2026
Реал Мадрид изненади со изборот на напаѓач со трансфер вреден 25 милиони евра!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид постигна договор со Леванте за трансфер на младиот напаѓач Карлос Еспи.

21-годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор, со кој ќе остане во „Кралскиот клуб“ до 30 јуни 2031 година. Реал ја активираше откупната клаузула во износ од 25 милиони евра.

Еспи во изминатите три сезони за првиот тим на Леванте одигра 66 натпревари и постигна 20 голови, а минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во лигата во конкуренција до 23 години.

Младиот напаѓач настапуваше и за репрезентациите на Шпанија до 19 и до 20 години, а неговото доаѓање во Мадрид се смета за долгорочна инвестиција во нападот на Реал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.