SportM
Фудбал

Реал Мадрид ја постави цената за Марсело

Д М8 апр 2019
Реал Мадрид ја постави цената за Марсело

На „Сантијаго Бернабеу“ сигурно ќе има заминување ова лето. Меѓу играчите чии шпекулации веќе неколку месеци се вртат низ весниците е и Марсело.

Искусниот лев бек по заминувањето на Кристијано Роналдо во неколку наврати ја изрази својата желба да замине, но се врати Зинедин Зидан и работите се променија.

Иако одлука за иднината на големиот бразилски дефанзвец е непозната, Флорентино Перез ја постави цената за овој играч. Оној клуб кој е заинтересиран за Марсело ќе мора да плати 60 милиони евра.

Марсело во Реал Мадрид пристигна во 2007 година, за 12 години играше на 480 натпревари и постигна 36 гола. Еден од најзаслужните играчи што Реал освои три последователни титули во Лигата на шампионите.

Во случај на заминување на Марсело, Кралевите планираат да го донесат Николас Таглиафика од Ајакс. Аргентинецот експлодираше оваа сезона, како и голем број други играчи од Амстердамскиот тим.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.