SportM
Фудбал

Реал Мадрид одлучува за Пол Погба

Д М22 дек 2019
Реал Мадрид одлучува за Пол Погба

Пол Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да му се придружи на Реал Мадрид, но тој нема намера да направи никаков потег за него.

Газдите на Манчестер Јунајтед одбија да дозволат францускиот играч од средниот ред да замине, откако неговите обиди да го напуштi „Олд Трафорд“ во текот на летото не успеаја.

Погба сепак сака заминување и неговиот менаџер Мино Рајола го повика Реал Мадрид во потрага по позитивен одговор што не го добива.

Реал Мадрид засега не размислува да го купи Погба, а за тоа јасно стави до знаење и самиот Рајола , кој исто така го известил играчот, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

Според шпанскиот весник, работите се смениле, поради трошење во текот на летото.

Тренерот Зинедин Зидан продолжува да му се поклонува на Погба, но, со подемот на Феде Валверде во последните неколку месеци, смета дека е непотребно да го пренесе својот сонародник во „Сантијаго Бернабеу“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.