SportM
Фудбал

Реал Мадрид ова лето доведува засилување во нападот, со само еден играч е на мета

Д М24 мар 2020
Реал Мадрид ова лето доведува засилување во нападот, со само еден играч е на мета

На Реал Мадрид не му оди добро оваа сезона и јасно е дека кралскиот клуб ќе мора да направи некои промени во играчкиот кадар во текот на летото.

Кралевите се пред испаѓање од ЛШ, а во Ла Лига моментно се наоѓаат на втората позиција со два бода помалку од лидерите, Барселона. Веќе се шпекулира дека Зинедин Зидан би можел да биде отпуштен во текот на летото, и дека Флорентино Перез ќе направи значителна промена во неговиот персонал.

Јасно е дека има голем број на играчи во Реал на кои клубот се потпира веќе десет години, и време е малку да ги освежиме редовите. Мадридски АС пишува дека еден од приоритетите ќе биде да се донесе напаѓач кој ќе се натпреварува со Карим Бензема.

Реал го донесе Лука Јовиќ за дури 60 милиони евра ова лето, но српскиот напаѓач не ги исполни очекувањата и не би било изненадување ако го напушти „Сантијаго Бернабеу“ по само една година.

АС пишува дека главна мета на Реал ќе биде младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд кој игра во неверојатна форма во дресот на Дортмунд. Иако тој потпиша за Борусија овој јануари по само половина година, тој би можел да го напушти клубот.

Дортмунд го плати Халанд 20 милиони евра, а само шест месеци подоцна тие би можеле да го продадат за дури 80 милиони евра. Реал сериозно „загриза“ на овој напаѓач и со сите сили ќе тргне по него во текот на летото.

Халанд сигурно нема да одбие да игра во еден од најдобрите клубови во светот, а единствено прашање е дали Дортмунд ќе се согласи да го продаде.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.