Реал Мадрид покажа дека е подобар од Барса во моментов, Левандовски се посрамоти, Валверде херој на „Кралевите“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Барселона со 3:1 во најголемото дерби на шпанскиот фудбал, популарното „Ел Класико“.
„Крaлевите“ покажаа дека во моментов се подобра и поискусна екипа од големиот противник и целосно го заслужија триумфот.
Одлична партија одигра целиот среден ред на Реал кој доминираше на теренот, а се истакна Федерико Валверде со гол и изнуден пенал.
По воведните обиди на Рафиња и Винисиус, Реал го зададе првиот удар против противникот.
Се играше 12. минута кога Крос од тешка позиција упати одлична длабинска топка до брзоногиот Винисиус по левата страна, Бразилецот излезе сам со Тер Штеген и одлично шутираше. Неговиот удар германскиот голман го одбрани, но топката отиде директно во нозете на Карим Бензема, а брилијантниот напаѓач рутински ја погоди мрежата.
Шансата за израмнување на Барселона ја пропушти Роберт Левандовски во 25. минута. Полјакот беше проигран брилијантно од Рафиња на втората статива, Левандовски се лизна, но не можеше да ја фати топката како што сакаше, па беше пропуштена колосална шанса за тимот на Чави.
Десет минути подоцна стигна и казната. Стоперот на Барса Ерик Гарсија погреши, топката стигна до Винициус, следуваа неколку кратки додавања од домашните, топката стигна до Федерико Валверде, а Уругваецот извонредно погоди од дваесетина метри за нова радост на навивачите на Реак.
Се можеше да се реши во 52. минута кога Винициус со одлична дијагонала го пронајде Бензема, Французинот влезе во средината, шутираше со левата нога и ја погоди мрежата на Барселона, но голот беше поништен поради офсајд.
Темпото на играта драстично падна во продолжението. Реал доминираше на средината на теренот и се обиде да ја „убие“ играта. Се одеше по планот на Анчелоти до 73. минута кога Барса во продолжението го даде првиот знак на живот.
Левандовски успеа да му побегне на Милитао, Карвахал налета одзади, го собори Полјакот, но судијата Хозе Марија Санчез реши да не покаже на белата точка.
Ова беше само навестување што ќе се случи во следните петнаесет минути.
Енергија во тимот на Чави донесоа резервите Ансу Фати и Феран Торес. Во 78. минута убава шанса имаше Ансу Фати, а пет минути подоцна Фати го креираше голот за Барса. Младиот офанзивец одлично го проигра Феран Торес, кој погоди за 2:1.
Сите дилеми околу победникот беа решени во 92. минута, кога Родриго постигна гол од белата точка. Претходно, Ерик Гарсија го нагази Валверде во неговиот шеснаесетник.



