Реал Мадрид позајми уште еден играч на Дортмунд
Д М16 авг 2020

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе ја повторат операцијата „Хакими“.
Шпанскиот клуб ќе го позајми бразилскиот талент Реиниер на жолтините во следните две сезони, за 18-годишникот да добие можност да игра повеќе и во силна лига како Бундеслигата.
Дортмунд од друга страна ќе понуди уште една алтернатива за среден ред и напад без големи трошоци, бидејќи нема да има клаузула за можност за купување на играчот по 2 сезони.
Само по завршувањето на заемот и настапите што ќе ги направи играчот, клубовите повторно ќе разговараат за иднината на Рениер.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



