SportM
Фудбал

Реал Мадрид вечерва игра за титулата светски првак, еве каде можете да го гледате мечот!

E R18 дек 2024
Реал Мадрид вечерва игра за титулата светски првак, еве каде можете да го гледате мечот!

Фото: tv21m

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва во Доха, Катар ќе се борат за трофејот на најдобриот тим во светот, бидејќи ќе го играат финалето на Интерконтиненталниот куп.

Кралскиот тим во големото финале ќе се сретне со мексиканскиот тим Пачука со кој ќе се бори за престижната титула.

Пачука во четврт-финалето го совлада Ботафого, освојувачот на Копа Либертадорес со 3:0, а во полуфиналето по подоброто изведување пенали го елиминира египетскиот Ал Ахли. Од друга страна, Реал е директно во финалето како шампион на Европа. Реал вечерва ја има улогата на апсолутен фаворит и ќе биде вистинско чудо доколку не стигне до титулата.  ФИФА обезбеди бесплатен пренос за сите љубители на фудбалот, а истиот ќе можете да го следите на нејзината платформа ФИФА+, на овој линк.

Натпреварот започнува во 18:00 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.