SportM
Фудбал

Реал Мадрид во 92-та минута испушти победа против Ал Хилал, деби на Чаби Алонсо и Симоне Инзаги (ВИДЕО)

E R19 јун 2025
Реал Мадрид во 92-та минута испушти победа против Ал Хилал, деби на Чаби Алонсо и Симоне Инзаги (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Реал Мадрид синоќа во Мајами ремизираше со Ал-Хилал во првото коло од групната фаза на Светското клупско првенство – 1:1.

Во 34. минута резултатот го отвори Гонзало Гарсија. Саудискиот тим израмни седум минути подоцна, Рубен Невес погоди од белата точка.

Во 90+2.минута Федерико Валверде можеше да му донесе победа на Реал Мадрид, но го промаши пеналот. Ударот на Уругваецот го одбрани голманот на Ал-Хилал, Јасин Буну.

Реал Мадрид го одигра првиот натпревар под водство на новиот тренер Чаби Алонсо. Во тимот дебитираа и дефанзивците Дин Хејсен и Трент Александер-Арнолд.

Во следниот натпревар на Светското клупско првенство во 2025 година, Реал ќе игра против мексиканската Пачука. Натпреварот ќе се одигра на 22 јуни, а Ал Хилал на 23 јуни ќе се сретне со австриски Салцбург.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.