Реал Мадрид за подмладување на тимот веќе потроши скоро 320 милиони евра

Шпанските медиуми синоќа објавија дека младиот бразилски фудбалер Реиниер во наредните денови ќе потпише за Реал Мадрид.
Кралскиот клуб исто така реши да донесе ново засилување од Бразил овој преоден рок, а овој пат изборот падна на Реиниер, кој игра во Фламенго. Бразилецот треба да биде официјално претставен на 19 јануари, и иако има само 17 години, многумина велат дека има светла иднина пред себе.
Реиниер треба прво да игра за Реал Мадрид Кастиља, а во првиот тим ќе добие шанса следната сезона. Кралскиот клуб на тој начин го продолжи трендот на подмладување на тимот во кој тие инвестираа огромни пари.
Реал Мадрид во последниве години донесе голем број на млади играчи кои треба да бидат носители на составот во иднина, а потрошија околу 320 милиони евра на овој проект.
Пред Реиниер, во клубот пристигнаа Валверде, Кубо, Одегард, Ахраг, Регулион, Валејо, Себаљос, Лунин, Брахим Дијаз, Винисиус, Родриго и Лука Јовиќ, со потрошени 319,8 милиони евра.
Исто така, во текот на летото се очекува Реал да се обиде и да донесе некој поискусен играч кој ќе биде лидер на младиот тим.



