Connect with us

Фудбал

Реал подготвил тежок удар на Барселона и „краде“ ѕвезда која веќе беше на чекор до „Камп Ноу“

По многу лошата сезона во која ги загубија сите трофеи, Реал Мадрид бурно го започнува преодниот рок и сака да го засили тимот за да се врати на тронот. Најновата вест е дека Нико Вилијамс е на чекор стане нов член на „Кралскиот клуб“.

Реал Мадрид веќе го доведе Дин Хујсен за 60 милиони евра, но тоа е само почеток. Синоќа, угледниот шпански весник Марка ексклузивно објави вистинска „бомба“, а ова се првите чекори кон доведување на ѕвездата на Атлетик Билбао и шпанската репрезентација. Нико Вилијамс е еден од најбараните фудбалери денес, а интересно е што крилниот напаѓач беше на прагот да се приклучи на Барселона и двете страни сакаа овој трансфер да се реализира. Иако беше блиску до потпишување за Барселона, тие не беа единствениот клуб што сакаше да го доведе, а Баерн исто така планираше да го ангажира во претстојното лето. Сепак, се чини дека Реал ќе им ги расипе сите планови.