Реал пропушти голем број на шанси, но славеше и остана на максималниот учинок

Возбудливо беше вечерва на натпреварите од 3.коло во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид ја оправда улогата на фаворит против Шахтјор од Доњецк и победи со 2:1, а ја забележа третата победа во три кола.
Мадриѓаните одлично го отворија натпреварот притискајќи, а тоа вроди со плод во 13. минута кога Родриго ја погоди мрежата на гостите. Петнаесет минути подоцна беше 2:0. Помошник беше Родриго, а погоди Виникус Јуниор.
Се чинеше дека Реал до полувремето ќе ја наполни мрежата на Украинците и ќе обезбеди три бода пред паузата, но тоа не се случи. Одбраната на Мадрид се сруши на шест минути пред крајот кога Зубков постигна гол.
Тоа внесе немир кај фудбалерите на Реал, кои имаа чиста предност, а потоа Украинците го направија натпреварот поинтересен.
Реал продолжи да доминира барајќи трет гол, а во 60. минута се закани Зубков и беше јасно дека гостите нема лесно да се предадат.
Реал одговори преку Бензема, но и тој не беше прецизен. Шахтјор можеше да постигне гол во 78. минута, но Михаличенко лошо ја зафати топката пред голот и се загуби голема шанса за израмнување.
Асенсио можеше се да реши во судиското надополнување, но ја погоди стативата, но резултатот остана 2:1.
Во истата група претходно во терминот Лајпциг го совлада Селтик со 3:1. Стрелци за Лепициг беа Нкунку, а двапати Силва. Јота постигна гол кај Селтик.
Реал е прв со максимални девет бода, Шахтјор има четири, Лајпциг три, а Селтик само еден бод.



