Реал сака да го доведе Олисe? Смешно, дури и да дојде Кинескиот Император, не го продаваме!

Мајкл Олисе беше еден од најдобрите фудбалери во сезоната 2025-2026, освојувајќи три трофеи со Баерн Минхен. Блескаше и во Лигата на шампионите, додека со Франција го заврши Светското првенство на четвртото место, забележувајќи 7 асистенции. Неговите настапи го привлекоа интересот на Реал Мадрид, кој сакаше да му го подари на Жозе Мурињо како големо засилување.
Сепак, почесниот претседател на Баернот, Ули Хенес, јасно стави до знаење дека Олисе не е за продажба. По победата од 15-0 во традиционалниот пријателски натпревар против Ротен, тој со иронија реагираше на гласините за Реал. “Многу смешно. Тој има уште три години договор и нема да го продадеме. Дури и ако дојде Кинескиот Император, не го продаваме,” – изјави Хенес, праќајќи јасна порака кон мадридскиот клуб.
Тој исто така го пофали офанзивниот ред на Баерн, истакнувајќи: “Имаме најдобро напаѓачко трио во светот со Кејн, Дијаз и Олисе”.
Тој го потсети тренерот Винсент Компани дека, по две последователни титули во Бундеслигата, сега целта е освојување на Лигата на шампионите. Во меѓувреме, баварците го ангажираа и дефанзивецот Браун од Ајнтрахт Франкфурт.



