Реал се реши, го враќа Одегагард од Сосиедад

Договорот за позајмица на Мартин Одегард на Реал Сосиедад важеше две сезони, но одборот на Реал Мадрид донесе одлука да го врати играчот од средниот ред во тимот, заради барање на тренерот Зинедин Зидан.
Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Реал Мадрид веќе го известил Реал Сосиедад дека планира да го врати Мартин Одегард во тимот една година пред крајот на двегодишниот период на позајмица.
Одлуката ја донесе управниот одбор на клубот по барањето на Зинедин Зидан да го врати 21-годишниот играч во тимот, кој одлично играше оваа сезона во Ла Лига.
Реал Сосиедад се надеваше дека Одегард ќе остане во нивниот состав уште една сезона, според првичниот договор постигнат со Реал Мадрид.
Одегард има постигнато седум гола и оствари девет асистенции на 38 натпревари оваа сезона во Ла Лига и Копа дел Реј.



