SportM
Фудбал

Реал со апел до своите навивачи: Не одете на плоштадот доколку го освоиме трофејот

Д М15 јул 2020
Реал со апел до своите навивачи: Не одете на плоштадот доколку го освоиме трофејот

На две кола до крајот на Ла Лига, раководството на Реал Мадрид, излезе со апел до навивачите да не ја слават титулата организирано во големи групи на плоштадот „Сибелес“ во Мадрид на традиционален начин.

„Знаеме за тешката состојба со која се соочија сите и за напорите што се прават за борба против пандемијата на коронавирус. Фудбалот придонесува за тоа, а ние успеавме да ја продолжиме сезоната во исклучително тешки околности. Ако титулата ја освои Реал Мадрид, нашите фудбалери нема да одржат традиционални прослави и нема да одат на плоштадот. Затоа ги замолуваме нашите навивачи да не одат таму доколку го освоиме трофејот. Треба да покажеме одговорност и да ги избегнеме ризиците од заболувања“, стои во апелот на Реал.

Иако трофејот сè уште не е официјално обезбеден, сепак Реал во моментов има четири бода предност пред Барселона, и потребна му е само една победа до крајот. А тоа може да се случи веќе утре на средбата со Виљареал.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.