SportM
Фудбал

Реченица што го мотивира Мбапе пред секој натпревар

Д М4 апр 2021
Реченица што го мотивира Мбапе пред секој натпревар

Килијан Мбапе е сегашност, но и иднина и на европскиот и на светскиот фудбал и скоро сигурно ќе ја освои Златната топка еден ден.

На 22-годишна возраст, Мбапе го постигна она што многумина не успеваат да го сторат во текот на целата своја кариера, но се добива впечаток дека за големиот Французин допрва следува најдоброто.

Во разговор со странски медиуми тој откри како е мотивиран пред секој натпревар.

„Секој пат кога ќе излезам на теренот, си велам себе си дека сум најдобар и дека веќе сум играл на терените каде играа Меси и Криситано“, рече Мбапе и продолжи:

“Тие се подобри играчи од мене, тие направија милијарда работи повеќе од мене. Но, во мојата глава, секогаш си велам себе си дека сум најдобриот”.

„Тоа е начин да не поставите граници за себе и да го дадете најдоброто од себе.

Рецептот што го применува Мбапе е очигледен ефикасен затоа што тој веќе е меѓу најдобрите играчи во светот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.