Реченица што го смени животот на Меси: Тој дојде да потпише, и го дочека неверување

Лионел Меси по две децении немаше друг избор освен да ја напушти Барселона.
Меси ја напушти Барселона во летниот преоден рок и замина во ПСЖ како слободен играч. Сакаше да остане на Ноу Камп, но тоа не се случи на крајот.
Во интервју за Франс Фудбал, тој детално зборуваше за болната разделба. Ја откри содржината на реченицата што му го промени животот.
Можеби најдобриот фудбалер во историјата пристигна да потпише за да го продолжи договорот, но наиде на неверување. Само му рекоа дека продолжувањето на соработката е невозможно.
„Летото, по уште неколку дена одмор што ми го даде тренерот, се вратив во Барселона со идеја да потпишам договор и да продолжам да тренирам“, рече Меси и продолжи:
„Мислев дека се е готово и морам да потпишам, но кога дојдов ми рекоа дека не можам да потпишам, дека не можам да останам, дека ќе треба да најдам друг клуб бидејќи Барселона нема средства за да го продолжат договорот“.
“Сето тоа ги наруши моите планови. Како што реков на мојот проштален ден, ми беше многу тешко да ја напуштам Барселона после сите овие години. Решив да ја завршам кариерата во Блаугрна, но морав да почнам да размислувам за својата иднина”.
,,ПСЖ ми даде можност да им се придружам, добив и други понуди, но морам да признаам дека брзо се согласив за се со клубот од Париз“.
Инаку, авантурата за Меси во францускиот гигант не започна баш најдобро. Тој постигна еден гол на пет натпревари и очигледно е дека му треба уште време да се адаптира.



