Поврзи се со нас

Фудбал

Ред Бул му дава крилја на Реал Мадрид

Насловот го објави мадридскиот весник „Марка“, кој во текстот пишува за можните засилувања на Реал Мадрид.

Реал има неколку желби за иднината и сите играчи што ги следи главно се поврзуваат со Ред Бул. Во моментов талентираниот Унгарец Доминик Собошлаи е мета на Кралевите. Тој е играч на Ред Бул Салцбург, кој претходно беше на прагот на Милан, но со заминувањето на Звонимир Бобан, работата не му успеа.

Сега, Реал е најзаинтересиран за играчот кој воодушевува со голови и асистенции, а тој синоќа ја круниса одличната сезона со пласман на ЕУРО со Унгарија.

Собослаи претходно ја делеше соблекувалната со Елинг Халанд, Норвежанецот кој зимата се пресели од Салцбург во Борусија Дортмунд и за кој се верува дека ќе биде член на „кралското семејство“ во 2022 година.

На списокот на желби на Реал се наоѓа и Садио Мане од Ливерпул, кој порано играше за Ред Бул Салцбург, како и стоперот Дејот Упамекано, кој игра за Лајпциг, германски клуб исто така во сопственост на Ред Бул.

Зинедин Зидан лично се обидува да го натера Упамекано да дојде во Мадрид и се чини дека Реал во иднина ќе ги гради своите резултати на крилјата на Ред Бул.

loading...

Facebook