Редарите почнаа да влегуваат на трибините со чаши пиво, а навивачите на Севиља не разбраа што се случува

Копенхаген и Севиља одиграа натпревар без голови во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите, но натпреварот го одбележа одличен детал од трибините.
За Копенхаген и Севиља ова беа први бодови во новата сезона во Лигата на шампионите, но навивачите не можеа да бидат премногу задоволни од она што го видоа на теренот бидејќи мрежите молчеа цели 90 минути.
Сепак, овој натпревар се најде во центарот на фудбалската јавност, а тоа е поради фантастичниот потег на данскиот клуб со кој ги воодушеви навивачите на Севиља кои дојдоа во Копенхаген да го бодрат својот клуб.
Севиља имаше поддршка и од своите навивачи на гостувањето во Копенхаген, а шпанските медиуми наведуваат дека на стадионот Паркен имало над 200 навивачи на овој клуб.
На полувремето од овој меч, Копенхаген ги воодушеви навивачите на Севиља и се потруди да им биде пријатен спомен од гостувањето во главниот град на Данска, што се чини дека и успеа.
Имено, на полувремето од мечот домашниот тим реши да ги почести гостинските навивачи со бесплатно пиво и сокови, што ги остави без зборови бидејќи ова не го доживеале на гостински терен.
На почетокот многумина помислија дека се работи за шега, но кога видоа се повеќе пиво и сокови како доаѓаат кон нив, го поздравија со голем аплауз, а воодушевувањето на нивните лица беше многу видливо.
Домашниот тим подоцна изјави дека фудбалот се игра за навивачите и дека сакаат навивачите на Севиља да се чувствуваат што е можно попријатно во Паркен и да покажат колку фудбалот навистина ги поврзува луѓето.
Треба да се напомене дека една чаша пиво во Паркен чини околу 8 евра, додека соковите се по цена од 6 евра.
Copenhagen gave out free beer to the Sevilla supporters who made the trip to Denmark 🥰
(via @FCKobenhavn) pic.twitter.com/gxaXCKxDCr
— B/R Football (@brfootball) September 14, 2022
Овој потег на челниците на Копенхаген ја воодушеви фудбалската јавност ширум светот, а особено гласни беа навивачите на Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, кои исто така ќе гостуваат во Паркен, кои порачаа дека со нетрпение го очекуваат бесплатното пиво.
Навивачите на Копенхаген и Севиља ја покажаа вистинската слика за фудбалот, а тоа го докажа и објавата на еден од навивачите на данскиот клуб кој на крајот размени дресови со еден од навивачите на шпанскиот клуб.
Fantastic evening in Parken that ended with a shirt swap with a Sevilla fan. Football is community.@FCKobenhavn @ChampionsLeague @SevillaFC #fcklive #Sevilla pic.twitter.com/GdYwzw1PRo
— Sebastian Hedemand (@SebastianHedema) September 14, 2022
Што се однесува до оваа група, Манчестер Сити е на врвот со шест бода, додека Дортмунд има три бода. По две кола Копенхаген и Севиља имаат по еден бод на своето конто.
Во следното коло Копенхаген му гостува на Манчестер Сити, додека Севиља ќе го пречека Дортмунд. Овие натпревари се закажани за 5 октомври.



