SportM
Фудбал

Реми на дербито во Струга, прва победа на Тиквеш

Редакција17 сеп 2025
Реми на дербито во Струга, прва победа на Тиквеш

Дерби натпреварот од 6.коло од Првата лига меѓу Струга и Шкендија заврши без победник 1:1. Со освоениот бод екипата на Струга е лидер на табелата со 16 бодови, еден повеќе од Силекс.

На вториот дуел одигран попладнево Тиквеш ја постигна првата победа совладувајќи го на домашен терен Шкупи со 1:0, додека за екипата од Чаир ова беше шести пораз и се единствениот тим без бод.

На вчера одиграните дуели: Башкими – Силекс 2:1 и Македонија ЃП – АП Брера 2:0.

Утре со почеток во 15:30 часот се играат последните два дуела од оваа рунда: Арсими – Вардар и Работнички – Пелистер

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.