Фудбал
Реми на Вардар и Струга во дербито на колото!

Дербито на 9. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Вардар и Струга заврши попладнево без победник, додека Силекс триумфираше на домашен терен над Тиквеш.
Струга два пати водеше на дербито во Скопје со головите на Шабани (19 минута) и Компаоре (64). Почетниот гол за Вардар ги постигнаа Мато по еден час игра, откако четири минути претходно не реализираше пенал, а конечниот резултат го постави Јанкулов во судиското продолжение. Со ремито, Струга остана лидер, а Вардар второпласиран на табелата.
Силекс во Кратово стави крај на серијата од три едноподруго порази, совладувајќи го Тиквеш со 1-0 со голот на Алиќ (9).
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Пелистер и Шкендија.
Резултати – 9 коло:
Вардар – Струга 2-2
Силекс – Тиквеш 1-0
Македонија ЃП – Арсими 4-1
Шкупи – Работнички 1-1
АП Брера – Башкими 1-1
Пелистер – Шкендија (понеделник)
Табела: Струга 23, Вардар 21, Шкендија 20 (-1), Силекс 18, Башкими 15, Македонија ЃП 12, АП Брера 12, Арсими 8, Тиквеш 8, Пелистер 6 (-1), Работнички 5, Шкупи 1.