Реми на Вардар на гостувањето кај Валур со гол во последната секунда од пенал!
Редакција20 ное 2024

Ракометарите на Вардар одиграа нерешено 34-34 (18-17) на гостувањето кај Валур во рамките од петото коло од ЕХФ Лигата на Европа.
До реми, „црвено-црните“ стигнаа со гол во последната секунда од пенал преку Марко Срдановиќ.
Вардарци сега се со само теоретски шанси за пласман во следната фаза бидејќи имаат вкупно три бода, два помалку од Порто на кого му гостуваат во последното коло.
Најефикасен играч на средбата беше Тордарсон со 11 гола за Исланѓаните, додека кај Вардар со по пет се истакнаа Георгиевски, Маргели и Срдановиќ.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



