SportM
Фудбал

Ремзи му кажа “не” на Тотенхем

Д М27 окт 2018
Ремзи му кажа “не” на Тотенхем

Велшанецот Арон Ремзи дефинитивно ќе ги напушти Емиратите на крајот од сезоната.

Иако во еден момент се чинеше дека Ремзи ќе ја продолжи соработката со Арсенал, преговорите со лондонскиот тим на крајот беа суспендирани, а овој 27-годишен играч од средниот ред, како слободен играч, на крајот од сезоната ќе замине.

Многу клубови веќе се заинтересирани за неговите услуги. Челзи, Манчестер Јунајтед, Јувентус и ривалите на Арсенал Тотенхем, но тоа се уште е клуб во кој Ремзи не сака да оди.

“Тотенхем? Не”, Ремзи јасно одговори на прашањето дали како слободен играч може да замине во редовите на Тотенхем, а потоа додаде дека не размислува за заминување:

“Во овој момент, јас сум фокусиран само на Арсенал. Ќе видиме што ќе се случи во иднина”.

Ремзи потврди дека на масата нема понуда од Арсенал и дека не знае поради која причина лидерите на клубот се откажаа од продолжувањето на соработката, за која призна дека е заинтересиран.

Ремзи е фудбалер на Арсенал од јули 2008 година, а во неговата досегашна кариера во Лондон одигра 240 натпревари и постигна 30 гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.