Ремзи постигна гол и најави близнаци, но славните личности стравуваат

Арон Рeмзи не постигнува толку често голови, но кога постигнува- некоја славна личност умира.
Велс вчера ја победи Ирска со 4:1 во натпревар од четвртата група на Лига Б, а во Кардиф како стрелец се запиша и Ремзи.
Не е тоа многу добра вест за познатите, затоа што е познато дека после секој негов гол се случува да почине некој познат во светот. Сè започна во 2011 година, кога по неговиот гол почина Осама бин Ладен, а подоцна по неговите голови починале и Стив Џобс, Гадафи, Витни Хјустон, Пол Волкер, Дејвид Боуви, Робин Вилијамс..
Секако дека тоа се само теории и нема допирна точка со головите на Арон, но ете, никој не сака да е славна личност кога Рамзи дава гол.
А вчера голот го даде така што потоа палецот го стави во уста, топката под дресот и подигна два прста во воздухот. Тој чека нов член во неговото семејство, поточно два членови- близнаци, а ние во оваа прилика му честитаме и се надеваме дека породувањето на неговата сопруга ќе помине во најдобар ред.



